Seminarski i Diplomski Rad

Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Nevrabotenost (makedonski)". Rad ima 14 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.

Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.

Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.

Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.

 



Univerzitet “Sv. Kiril i Metodij”

Ekonomski fakultet - Skopje

Predmet :

Izrabotka na seminarska rabota

Tema:

NEVRABOTENOST - NEVRABOTENOSTA VO MAKEDONIJA

Вовед

Секојдневно по медиумите слушаме и гледаме, односно се соочуваме со голем број економски проблеми. Меѓутоа, еден од најзначајните и најмаркантните е секако проблемот со невработеноста. Овој проблем во последно време ја преукупира целокупната светска јавност. Дури и западните развиени капиталистички земји се соочуваат со овој проблем, кој станува се поактуелен и за нивните економски експерти, кои постојасно се трудат да најдат решение.

За земјите во транзиција пак овој проблем е неизбежен. Имено овие земји постигнуваат дури и двоцифрени стапки на невработеност што укажува на сериозноста на проблемот во нив. Овој проблем не ја прескокна ниту нашата земја, за жал, како една од земјите во транзиција, напротив можеме да кажеме дека таа е предводник со својата стапка на невработеност која изнесува околу 36%. Економските експерти постојано се трудат да најдат решение за овој проблем, кој е од огромно значење за целокупната економија, но и за целото општество.

Дефинирање и видови на невработеност

Невработеноста не можеме едноставно да ја дефинираме како број на лица без работа. Вака широко дефинирана таа би ги вклучила во невработените децата и младите во предработната возраст, пензионерите, домаќинките, болните, работнонеспосбните лица, како и лицата кои не сакаат да работат и не бараат вработување. Затоа поправилно би било невработеноста да ја дефинираме како број на лица кои се способни да работат, сакаат да работат, активно бараат работа, но неможат да ја најдат. Стапката на невработеност се добива како сооднос помеѓу бројот на невработените лица и вкупната работна сила. Притоа вкупната работна сила ја сочинуваат вработените и невработените лица заедно. За вработени лица се сметаат оние кои извршуваат некоја платена работа, како и оние кои имаат вработување но привремено се отсутни од работа поради болест, годишен одмор, штрајк и слично.

Трите основни видови на невработеност се:

-Фракциона невработеност-Станува збор за привремена и во основа лесна форма на невработеност која обично ја условуваат две групи на фактори:

1. Имперфектноста на пазарот на трудот, а во прв ред отсуство на соодветни и благовремени информации за слободните или новосоздадените работни места и можностите за нивно пополнување.

2. Перманентните флуктуации на вработените од едно до друго место, од една во друга фирма или од еден во друг регион.

Дури и под претпоставка дека во економијата постои полна вработеност секогаш има луѓе кои ѓи испитуваат можностите за промена на работното место и кои веруваат дека се во состојба да дојдат до друго вработување кое што ќе им овозможи повисока плата и подобри услови за работа и напредување. Во оваа смисла овој облик на невработеност е многу близок до категоријата доброволна невработеност, односно фрикционата невработеност е дозволена (толерантна) и во услови кога во земјата е остварена положба на полна вработеност.

 

 

 

 

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------

www.maturski.org

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!